„Ми беше задоволство чест што бев медијатор и што можев да го посведочам потпишувањето на овој договор. Се работеше за долг и тежок процес, но разрешувајќи ги овие проблеми во овој долг период резултираше со една спогордба која е правична, чесна и која што е спроведлива“, изјави посредникот во македонско-грчките разговори за разликата за името по потпишување на договорот за новото име на Македонија која ја добива придавката Северна.

Метју Нимиц кој цели 24 години беше медијатор во „спорот, денеска наполни 79 години, и на некој начин договорот претставува еден вид роденденски подарок за него.