Договорот со Грција идната недела на прегласување во Собрание

Многу е извесно дека законот за ратификација на договорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се најде пред пратениците веќе идната недела, а можните датуми се 5 или 6 јули,

Откако претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, одби да потпише Указ за донесување на законот, спикерот на Собранието Талат Џафери се сомнева дека имајќи ја во предвид последната одлука и најавите на претседателот на државата, јасно е дека Иванов повторно нема да го потпише законот.

„Мојот апел до претседателот е да го потпише законот за ратификација на договорот: Ние како Собрание ќе ги извршиме нашите обврски според процедурите. Од идната недела законот се враќа на повторно гласање и согласно нашите обврски повторно ќе биде испратен кај претседателот“, изјави денеска Џафери.

Џафери најави дека со оглед на тоа што веќе станува пракса претседателот да употребува вето, не се исклучува можноста договорот за името, заедно со блокираниот Закон за јазиците во пакет да бидат испратени за објавување во Службениот весник.

1 Коментар

Comments are closed.