Договорот со Грција ќе се потпише овој викенд

Сè уште нема информации каде ќе се сретнат двајцата премиери, иако претходно се споменуваше Преспа како локација, но извесно е дека договорот ќе биде потпишан овој викенд.

„Република Северна Македонија“ името кое го договорија Заев и Ципрас ќе се користи ерга омнес, а за тоа ќе има уставни измени.

Јазикот останува македонски, без фуснота, националност – Македонец – граѓанин на Република Северна Македонија, рече Заев кој рече дека „имаме историско вековно решение. Со ова решение го јакнеме идентитетот. Нема веќе ФИРОМ„.

Откако ќе биде потпишан, ќе треба да се ратификува од страна на двете држави, премиерот ќе ги извести членките на ОН дена нашето ново име е Република Северна Македонија, наесен ќе има референдум, а диоговорот ќе стапи во сила откако Македонија ќе ги исполни сите услови.

Оставете Коментар