Договорот со Грција на ратификација во Собрание

На денешната собраниска седница закажана за 11 часот, треба да биде ратификуван договорот со Грција за промена на името на земјава, потпишан во неделата.

Договорот вчера ги помина двете фази – на пленарна седница на која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против и ја напуштија собраниската сала, а потоа и во Комисијата за европски прашања.

Доколку биде ратификуван договорот, Атина ќе треба да ги извести ЕУ и НАТО дека дава поддршка за членство на земјата во Унијата и во Алијансата.

2 Коментари

    • Една од најголемите вини на СДСМ е што формулирале цела една активна стратегија за побивање на идеите и предлозите на Игор Јанев за ИМЕТО во ООН! Постојано зборувале дека нема да поминеме во Советот за безбедност, дека демек ќе не блокираат, и се друго, само идејата на Јанев да се оспори и дискредитира. Сега во Собранието на Република Македонија во постапката за ратификацијата со ароганција повторуваат дека: „ Немаше друго решение”. Но на лагите од СДСМ нема крај, па тие викаат и дека со овој договор за промена на името, ќе се „зајакне” идентитетот! Сѐ додека не се примени идејата на Игор Јанев, нема ништо да се направи со проблемот за името. Овој нечесен договор не е решението. Овој договор е срам за Македонија.

Comments are closed.