Договорот со Грција задира во македонската канализација – пишува Горан Момироски

Согласно ставовите 2 и 3 од членот 8 од договорот за решение за името кој што ќе биде потпишан утре, грчката и македонската дипломатија успеале принципот Ерга Омнес да го прошират и на македонската канализација.

Во него се наведува дека „втората страна“, односно ние, треба прво целосно да се откажеме од симболот кој се наоѓал на поранешното македонското знаме познат како сонцето од Вергина или од Кутлеш, во секаква употреба.

Имено, според овој договор, идните северномакедонски власти ќе мора да го отстранат овој симбол од сите јавни површини (го има во наши цркви, на плоштади, на разни други објекти).

Со оглед на тоа што на сите македонски шахти за канализација во сите градови стои ѕвездата од Кутлеш (Вергина) Петре Шилегов и неговите колеги градоначалници ќе мора да распишат тендери за шахти односно да направат целосно ребрендирање на македонската канализација и да го отворат патот кон среќната иднина за земјата.

Се разбира сето тоа во духот на договорот, и духот на пријателството со Грција.

Ако не верувате читајте.

3 Коментари

  1. Џабе ти е сарказмот Момироски. Договорот ќе успее. Со влегување на Македонија во НАТО и ЕУ ќе се види дека нема да има никакви лоши последици. Напротив. Македонија ќе стане пристојно место за живеење. Од тоа се плаши опозицијата. Затоа што Македонија ќе стане пристојно место за живеење под власта на СДСМ, а не под власт на ВМРО-ДПМНЕ. Заслугата за подобриот живот и напредокот на Македонија ќе биде на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да го поднесе.

Comments are closed.