Грчкиот композитор Микис Теодоракис жестоко ја нападна владата предводена од СИРИЗА поради договорот „Северна Македонија“, нарекувајќи го „национално понижување“.

Во објавен напис, Теодоракис вели дека одлуката за потпишување на договорот го разлути грчкиот народ.

„Дали не разбираат дека налутените луѓе го сметаат за опасен (договорот-н.з.)“,  прашува тој.

Тој ги нападна пратениците од владејачката коалиција дека ја поддржаа владата и договорот и покрај фактот што, како што тој тврди, огромното мнозинство од луѓето се противат на тоа, пренесуваат грчки медиуми.

Композиторот вели дека е деградирачки за земјата да биде претставена од влада која ужива само 20 процентна поддршка од јавноста.

„Влада со 20 отсто поддршка одлучува без да се консултира со никој за иднината на земјата … Ова не е комично, туку трагично и главно деградирачко“, вели Теодоракис.

Во февруари Теодоракис имаше емоционален говор во одбрана на грчкоста на Македонија на митингот во Атина пред стотици илјади луѓе.

SHARE