Дојран со билборди ќе привлекува странски туристи

Со проект вреден 1 милион денари финансиран дирекно од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Општина Дојарн ќе се обиде да привлече туристи на  Дојранското Езеро.

Долж трансверзалата Е-75 ќе бидат поставени билборди со порака „Направи пауза покрај на брегот на Дојранско Езеро“.

Градоначалникот на Општината, Анго Ангов, на службениот ФБ профил напиша дека се очекува поголема посетеност од српски туристи.