Документ на ЦИА за македонското прашање меѓу Белград и Атина

Во меморандум на американската разузнавачка агенција ЦИА подготвен во 1983 година за тогашниот државен потсекретар во Стејтдепартментот Лоренс Иглбергер, се гледа дека декадата пред распадот на Југославија Белград и Атина имале само едно отворено прашање, македонското.

Во меморандумот што го објавува австралискиот истражувачки новинар со македонско потекло Саша Узунов се вели дека двете страни не се согласуваат со третирање на Македонија како татковина на македонско национално малцинство во Грција и Бугарија што бил официјален став на Белград.

Грција според документот ги отфрлала протестите на Југославија за кршењето на малцинските права на Македонците и тврдела дека тие не постојат. Атина реакциите на Белград ги сметала за мешање во внатрешните еаботи на земјата.

Двете страни се обидувале да ја спуштат топката околу македонското прашање, пишува во документот со кој разузнавачите му ја опишуваат состојбата на Иглбергер кој предходно служел како амбасадор на САД во Белград.

1 Коментар

Оставете Коментар