Претседателот на Европскиот совет, денеска бил испрашуван во неговата земја, Полска, во рамките на парламентарната истрага за пирамидалната шема со која биле измамени илјадници Полјаци и тоа во време додека тој беше премиер.

Измамата, која беше откриена во 2012 година, го отвори прашањето за ефективноста на владата за време на мандатот на Туск, од 2007 до 2014 година, со оценка дека властите, наводно, не реагирале навреме на сигналите за работењето на финансиската институција Amber Gold, за кој се  покажа да било пирамидална шема.

Телевизиското испрашување беше дел од обидите на конзервативната владејачка партија за дискредитирање на Туск.

Една од темите на целата истрага е фактот дека синот на Доналд Туск, Михал, бил вработен од авиокомпанија во сопственост на „Amber Gold“.

Обвинителите велат дека околу 19.000 инвеститори изгубиле преку 850 милиони злоти (173 милиони фунти) во она што се покажало како еден од најголемите финансиски скандали во Полска, пренесува „Independent.ie“

Службениците на Amber Gold служат затворски казни.

SHARE

2 Коментари

Оставете Коментар