ДПА ја „сефтоса“ владината коалиција на локално ниво

Партијата на Мендух Тачи веќе стана дел од „владината коалиција“ на ниво на град Скопје, пишува весникот Лајм.

Извори за Лајм велат дека кандидатот на оваа партија за градоначалник во општина Чаир, Идриз Орана, е избран за член на одборот на директори на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, станувајќи првиот официјален претставник на ДПА во извршната власт на главниот град.

Орана беше и советник во два претходни мандати во градот Скопје.

SHARE