Др. Ристовски: Со договорот Македонците од народ стануваат етничка група

Во преамбулата на македонскиот устав се брише терминологијата “Македонски народ“, како и во членот 36, а се внесува само треминот “Македонци“, пишува во својот ФБ пост, професорот на УКИМ, Љупчо Ристовски.

„…Значи во преамбулата ќе стои промена:граѓаните на Република Северна Македонија, Македонци, Албанци, Турци и т.н., по ред сите останати. Со ова Македонскиот народ се брише од државотворен народ на Република Македонија, неговата државност се разводнува со сите останати, државата го губи титуларот во име и за сметка на Македонскиот народ и со тоа Македонија станува територија – сечија и ничија“, вели докторот по политички науки и додава дека, „без титулар и како општествената сопственост Македонија ќе стане предмет на бескруполозно асимилирање и разграбување од екстремните мршојатци од внатре и од соседството“.

„Од овој момент“, пишува натаму професорот, „на две недели пред референдумот, со тврдоглаво необјавени амандмански интервенции во Уставот на државата, БОЈКОТ и НЕИЗЛЕГУВАЊЕ НА ГЛАСАЊЕ на 30 Септември е ЛЕГИТИМНА ОПЦИЈА за секој добронамерен и чесен Македонец“.

Др. Ристовски ги повикува македонските граѓани да не дозволат никој да ги лаже и замајува, затоа што „има излез и тоа излезиште“ и со пропаѓањето на референдумот ништо немало да се изгуби.

„Оставете ги тие апокалиптични сценарија на Хан, тоа се прикаски за мали деца. Ниту ќе ни ја затворат вратата, ниту било што…Напротив, се ќе биде поинаку, оти ќе сватат дека овде живеат стамени Македонци, горди и достоинствени и ќе почнат да не ценат повеќе“, заклучува шпрофесор др. Ристовски.

SHARE

Comments are closed.