ДУИ: Ако има избори, сите албански партии да се здружат

Ако се изјаловат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и има предвремени избори, албанскиот политички блок да излезе со заеднички пратенички листи, е една од одлуките донесени на состанокот на ЦП на ДУИ во четврток вечерта.

Во таков случај, големи се шансите блокот да обезбеди околу 30 пратеници и заедно со СДСМ постизборно да формираат Влада, која ќе има мнозинство да ги помине уставните амандмани и со тоа и Договорот за името.

На состанокот била разгледувана и опцијата за предизборна коалиција со СДСМ, но таа е најмалку посакувана опција, бидејќи во таков случај голем број функционери на ДУИ ќе отпаднат од пратеничките листи.

Понудена е и трета опција, а тоа е ДУИ сама да трча на евентуалните нови избори.

1 Коментар

Оставете Коментар