ДУИ бара да “паднат глави” во СДСМ за “Ругање на Христа”

Сериозна криза во владеачката коалиција предизвика филмот на режисерот Јани Бојаџи “Ругање на Христа”, снимен со пари на Агенцијата за филм по доаѓање на власт на коалицијата СДСМ – ДУИ.

Според извори во ДУИ оОд вчера на највисоко ниво во владата се разговара за филмот кој што дел од албанската јавност го оцени како провокација и извртување на историјата.

За дел од Албанците авторот се обидел во филмот да ги прикаже сите Албанци како терористи.

Во филмот станува збор за четири приказни во кои се зборува и за настаните од 2001 година во кои беа извршени злосторства кон човештвото од страна на припадници на ОНА во Македонија.

Претставници на ДУИ под притисок од албанската опозиција сега бараат начин да се намали политичката штета за партијата која што практично дозволила да се сними ваков филм.

Едно од решенијата што го предлага ДУИ е смена на високи владини функционери кои што треба да ја преземат вината со што партијата на Али Ахмети ќе се спаси од критиките во албанската јавност.

Филмот ако се остварат барањата на ДУИ ќе биде ставен во бункер односно нема да добие дозвола да се прикажува во Македонија. Ако тоа се случи „Ругање со Христа“ ќе биде првиот забранет Македонски филм од осамојстојувањето.

ДУИ беше дел од власта и во времето на ВМРО – ДПМНЕ кога филмот бил одобрен за снимање од страна на филмскиот фонд но и во новата владина коалиција заедно со СДСМ кога филмот е снимен и испратен на фестивали.

Филмот пред неколку дена беше прикажан на еден од највлијателните и најсериозни филмски фестивали на светот во Монтреал.