ДУИ ги обвини Ердоган, Орбан и Путин за пропаднатиот референдум

Високиот претставник на Демократската Унија за интеграција Артан Груби во емисија на албанската телевизија Топ Ченел упати директни обвинувања за Турција, Русија и Унгарија како земји кои што помогнале во бојкотот на референдумот.

“Македонија е на раскрсница меѓу Исток и Запад. Освен Москва, и Турција, исто така, влијаеше и врз резултатот од референдумот во Македонија. А за неуспехот на референдумот е виновна и Унгарија која преку своите медиуми во Македонија влијаела ма расположението на граѓаните”, рече Груби во емисијата кој за дел од своите тврдења имаше поддршка од Мухамед Зекири потпретседателот на СДСМ кој исто така учествуваше во емисијата.

Артан Груби е пратеник на ДУИ и шеф на кабинетот на лидерот на партијата Ахмети.

Од земјите кои ги нападна Груби, Турција е членка на НАТО а Унгарија и на ЕУ и на НАТО.

SHARE