ДУИ „го мерка“ министерското место на Шекеринска!?

Воено-безбедносни прашања биле покренати на средбите на Али Ахмети во Приштина кон крајот на мај со косовските лидери Хашим Тачи и Рамуш Харадинај. Лидерот на ДУИ изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор и реализирање на политичките интереси од „Тиранската платформа“, а дел од тоа е и обединување на албанските територии од регионот, јавува дописникот на МКД.мк од Брисел..

Ахмети на овие средби бил подготвен да даде посериозна помош во организирањето на косовската армија, заеднички програми за обука за примена на методи за специјални операции на поранешните припадници на ОВК, помош при испорака на воена техника и оружје за Приштина.

Еден од чекорите би бил „повторно добивање на местото министер за одбрана за човек на ДУИ (Талат Џафери и Фатмир Бесими досега беа министри за одбрана) за полесно спроведување на цела оваа логистика за Косово и барања дозволи за користење на армијата во внатрешни конфликти. Со тоа улогата на Ѓорге Иванов, врховниот командант на АРМ би била сосема намалена“, пишува МКД.мк.