ДУИ не дава “рамковните” да го чистат Клиничкиот центар

Идејата на високи претставници на СДСМ ѓубрето од скопскиот Клинички центар да го чистат вработените во владата според Рамковниот договор е одбиена од ДУИ.

Откако Клиничкиот центар се заглави во ужасен смет а Заедничките служби кои ги води функционер на ДУИ Шкодране Дарлишта нема кадар и пари да плати за чистење на главната македонска болница владата предложила “рамковните” да го исчистат ѓубрето.

Идејата е вработените кои со години земаат плата а не одат на работа да бидат ангажирани за да се реши проблемот со ѓубрето.

Според планот во акцијата требало да бидат ангажирани само лица со пониско ниво на образование и такви што веќе одбиле една понуда за прераслределба на работни места каде што не би седеле дома туку би работеле нешто.

Оваа идеја на претатавници на СДСМ била одбиена од највисоки членови на ДУИ во Владата кои рекле дека Албанците не се “ѓубраџии”, тврдат извори во скопското крило на партијата.

ДУИ во исто време размислува дали да го смени својот кадар во Заедничките служби на Клиничкиот центар, Шкодране Идризи која со мала пауза како пратеник е долгогодишен директор на оваа институција која е главен виновник за срамот на “Државна болница”.

Оставете Коментар