ДУИ ставена пред свршен чин, вицепремиерот Османи премолче

И покрај противењето на ДУИ во владеачката коалиција да влезат преставници на другите албански партии, БЕСА, ДПА или АА СДСМ е решена да ја проширо коалицијата.

Премиерот Заев на последниот отворен брифинг истакна дека не гледа дека кај Ахмети постојат било какви пречки за проширување на владината коалиција со цел проширување на парламентарното мнозинство.

„Неопходно е проширување на парламентрното мнозинство со нови коалициски партнери поради сериозните прашања кои претстојат и за поефиканска работа на Собранието и пратениците“, кажа Заев на брифингот каде беше присутен и вицепремиерот за европски прашања Османи.

„Така доаѓаме повторно до почетната поента, дека сега Ахмети ќе мора да прикаже соодветна конструктивност при изборот на нови коалициски партнери, меѓу кои кандидати се двете крила на БЕСА, пратениците на ДПА, дел од пратениците на Алијанса за Албанците иако партијата на Села веќе еднаш излезе од Влада и без негова согласност тешко дека некој од неговите пратеници самостојно ќе се реши да се здружи за Заев иако во македонската политика никогаш ништо не е вечно поставено и неменливо“, пишува порталот фактор во анализата за состојбите во владината коалиција.