Министерството за труд и социјална политика не размислува да ја зголемува старосната граница за пензионирање и тоа нема да биде дел од пензиската реформа иако бизнис-заедницата најави дека ќе го побара токму тоа.

„Анализите за реформата се во тек и она што можеме да го кажеме во овој момент е дека реформата опфаќа пакет мерки за стабилизирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но ниту една од нив не се однесува на покачување на старосната граница за пензионирање“, велат од Министерството како што пренесува порталот „Локално“.

Средствата што државата ги дава за Фондот за пензискo и инвалидско осигурување за редовна исплата на пензии постојано се зголемуваат.

Со предложениот буџетски ребаланс за годинава предвидено е префрлање дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб.

 

SHARE

1 Коментар

  1. ПОЧИТУВАНИ! ДУПККАТА ВО ПИОМ НЕ Е ОД ВЧЕРА ИЛИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА. ТАА ДУПКА ПОЧНА УШТЕ ОД ДАЛЕЧНИТЕ ДЕВЕДЕСЕТИ ГОДИНИ СО МАСОВНОТО ЗАТВОРАЊЕ НА ФАБРИКИТЕ, ПРАВЕЊЕ НА АРМИЈА НА СТЕЧАЈЦИ, ПОКЛОНУВАЊЕ НА ФИРМИ НА ,,БЛИСКИТЕ,, ДО ВЛАСТА ИЛИ ПРОДАЖБА ЗА МАЛКУ ИЛИ ЗА БЕЗ ПАРИ НА ДРЖАВНИОТ ИМОТ. ТИЕ СТОТИЦИ ИЛЈАДА СТЕЧАЈЦИ НИКАКО НЕ МОЖЕЛЕ ДА УПЛАЌААТ ЗА СЕБЕ ВО ПИОМ И ТОА ВО 1-2 ДЕЦЕНИИ, ПАРИ ОД ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НЕМА ВО ДРЖАВНАТА КАСА А ВО ПИОМ И НА ТОЈ НАЧИН ТАА ДУПКА САМО СЕ ПРОШИРУВАШЕ И ПРОДЛАБОЧУВАШЕ. КОЈ Е ВИНОВЕН?? СЕГА ВО ОВОЈ СИСТЕМ ТОЧНО СЕ ЗНАЕ КОЈ ВО КОИ ГОДИНИ ОВА ГО ПРАВЕЛ. ТОА Е ВЛАСТА, ВЛАДА, ПРЕМИЕР, МИНИСТРИ, ПОТОА ТУКА СЕ СТАРИТЕ И НОВИТЕ ОЛИГАРСИ И ЗА ЖАЛ ТОА ЌЕ СИ ТРАЕ УШТЕ МНОГУ ГОДИНИ!

Оставете Коментар