Дурловски до Митревски: Доцна е за перење раце, не фалширај

Оперската ѕвезда Игор Дурловски реагира на пораката на режисерот Дарко Митревски кој вчера порача дека не се согласува со договорот за името со Бугарија.

Дурловски кој беше притворен и обвинет за тероризам го потсетува Митревски како во колумна нападнал негов соборец од “За заедничка Македонија”, и му порачува да не се обидува да си пере рацете по нападите на актерот Владо Јовановски.

“За тие со кратка меморија кои добиваат париотска ерекција на вчерашното писание на “терцашот” да ве потсетам што пишуваше пред година дена.
Џабе везеш Фидане, доцна е за перење раце а и фалшираш…
Бљак!!!”, пишува Дурловски кој беше еден од лидерите на заедничка Македонија.

Вчера Митревски со сцена од неговиот филм Трето полувреме порача дека е против договорот со Грција.

Режисерот Дарко Митревски за договорот: Среќен пат, нема да се сретнеме (ВИДЕО)