Дурловски и Митревски ги закопаа “воените секири” за Македонија

Оперската ѕвезда Игор Дурловски и режисерот Дарко Митревски ги закопаа “воените секири” кои беа извадени лани откако Митрески по настаните на 27 април напиша писмо до својот пријател актерот Владо Јовановски во кое изрази незадоволство од неговото учество во настаните во кои се случи насилството во Собранието.

Дурловски јавно реагираше пред два месеци кога Митревски ја објави колумната во која го отфрли договорот со Грција.

Крик за Македонија на режисерот на Трето Полувреме и Балкан Кан: Секогаш моја, никогаш Северна (ВИДЕО)

Дурловски тогаш му забележа на Митревски дека не смеел да ја нападне иконата на македонското глумиште Јовановски кој се уште е во домашен притвор.

Дурловски до Митревски: Доцна е за перење раце, не фалширај

Според информации од нивни заеднички пријатели откако Митревски од Холивуд порача “Македонија секогаш Северна никогаш” дошло до контакт меѓу двајцата уметници при што било договорено да се заборават старите недоразбирања и во крајно критични моменти за македонската држава и идентитет да се даде поддршка секому што Македонија му е на прво место без разлика што за дел од работите понекогаш постојат разлики.

SHARE