Европската унија побара од своите граѓани  летово да сеизјаснат дали сакаат да продолжи летното и зимското сметање на времето, а доколку се против , да кажат која варијанта – летно или зимско – ја претпочитаат.

Многумина од граѓаните на Европската унија ја прифатија оваа идеја,  а околу два милиони од нив се придружија на онлајн дебатата на страниците на Европската комисија, која започна на 4 јули и завршува денес,  16 август, пишува „Дојче веле“

Мајкл Тојор вели  „Сигурен сум дека преминувањето од летно кон зимско пресметување на времето и обратно ќе биде укинато. Се ‘уште не е сигурно кога“”, вели овој пратеник на германскиот Бундестаг, кој претходно во мандатот на Европскиот парламент, се залагаше за укинување на поместување на казалките на часовниците на секои 6 месеци.

Промената на времето не ја исполни целта за која беше воведена. Заштедата на енергија е занемарлива, ј признава Европската комисија. Наместо тоа, има директен удар врз биоритмите на граѓаните предизвикува проблеми со спиењето, нервоза и проблеми со концентрацијата.

Но, второто прашање е кое сметање на времето да се одбере: летното или зимското.

Повеќемина се на мислење дека летно сметање е подобро бидејќи дава еден час повеќе дневна светлина за работа надвор. Учениците и работниците ќе може да се враќаат дома при дневна светлина, а спортски натпревари би можеле да се одржуваат подоцна.

Летното и зимско време во во цела ЕУ е воведено во 1996 година.

SHARE

Comments are closed.