Според анкета објавена денеска, 2 од  5 Германци сакаат канцеларката Ангела Меркел да поднесе оставка додека продолува конфронтацијата во коалициската влада околу имиграциската политика.

Дури 43 отсто од испитаниците во анкетата на YouGov велат дека Меркел треба да го отвори патот за наследник, додека 42 проценти се за таа да остане.

Меркел прифати до крајот на јуни да најде начин да го спречи приливот на имигранти во Германија во соработка со своите партнери од ЕУ.

Рокот го постави  сојузниот секретар за внатрешни работи, Хорст Зеехофер, кој се закани дека ако германската канцеларка не успее во тоа,  ќе ја затвори германската граница за некои азиланти.

Од своја страна, Меркел вели дека со би се влошила тензијата меѓу Германија и нејзините соседи и дека тоа ќе ја поткоп европската солидарност.