Браќата Климе и Јован Лотески ја информираа јавноста дека тие ќе ја платат казната од 300 евра, што ја добил таткото на 12 годишниот Марко зашто го тренирал синот со кајче на кое му била истечена регистрацијата.

Згора на ова браќата Лотески на Марко ќе му доделат и годишна стипендија од 500 евра, пренесува порталот Охридскај.мк.

Марко пред десетина дена го преплива Охридското езеро на Охридскиот маратон на само 12 годишна возраст и стана регионална ѕвезда.

Најголема заслуга за тоа има секако таткото Тони Пејчиновски.

Но охридската Капетанија на само една недела пред маратонот на Марко, го казнила Тони со 300 евра бидејќи му била истечена регистрацијата на кајчето со кое секојдневно оделе на тренинг со синот.

SHARE