Двајца Тетовци на аџилак во Мека на велосипед

Тетовчаните Сенад Идризи и Амир Аслани тргнале на аџилак во Мека на велосипеди.

Двајцата другари преку Албанија и Грција веќе стигнале во Истанбул на пат кон Мека. Целото патешествие го снимаат за да можат идните генерации да ја видат историјата на овие двајца аџии.

Во изјава за турските медиуми двајцата аџии на велосипед, едниот правник а другиот имам, рекле дека целта е до Мека да дојдат со велосипеди.

Тргнале од Тетово преку Албанија и Грција по стапките на нивните предци како пророкот Мухамед за да ја извршиме нашата обврска како аџии. Главниот мотив им е да се запамети дека Мухамед пешки заминал на аџилак, велат за турските новинари.

Идризи вели дека две години се подготвувале и свесни се за тешкотиите со кои можат да се соочат. Целото патување ќе трае 40 до 45 дена.

Имаат подршка од многу луѓе а сакаат да бидат добар пример со тоа што ќе станат првите аџии на велосипед.