Две грчки сценарија за уривање на договорот за името со Македонија

Уривање односно нератификување на договорот со Македонија може да биде една од целите на грчкиот премиер Ципрас доколку стане извесно дека Неа Демократија сигурно доаѓа на власт на наредните избори, пишува весникот Катимерини во анализа за името и грчката влада.

Падот на владата на Сириза и Анел според анализата ќе се случи поради ФИРОМ и со тоа на Мицотакис треба да му се остави во наследство проблемот со името со цел тоj да го решава под притисок од САД и така да ја саботира и ослаби идната влада во Атина.

Според весникот има две сценарио како Ципрас ќе го изведе овој маневар.

Во првото премиерот воопшто нема да го стави на гласање договорот со Македонија пред парламентот со цел Каменос да не ја напушти владината коалиција.

Второто сценарио е договорот да биде ставен на гласање но Ципрас предходно во позадина да обезбеди дека Каменос и Анел заедно со пратениците од другите партии да не дозволат ратификација на договорот.

Весникот кој е близок на опозицијата тврди дека ништо не треба да се исклучува иако ваквите планови ќе наидат на противење од САД каде се поддржува договорот за името како алатка која треба да спречи руско влијание на ранливата Македонија.

САД нема да толерира одложување на ратификација на договорот и прашање е дали Ципрас ќе се обиде да ги игра своите игри во ситуација кога Вашингтон има јасна цел за регионот, пишува Катимерини во анализата за името.

1 Коментар

  1. Кај нас шиптарите не треба ниту да гласаат на ваков референдум за македонскиот идентитет!!

    Шиптари, ОВА НЕ Е ВАШЕ ПРАШАЊЕ! КОЈ ВИ ДАВА ПРАВО!

    Албанците, НЕМАТЕ ПРАВО ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО!

    НЕ СЕ МЕШАЈТЕ!!!

Оставете Коментар