Две вистини за денешното пукање во Арачиново!

Loading...

Три  куршум биле испукани од полициски службеници во насока на возило за кое имало сомневање дека било управувано од две лица кои се бараат со потерница за инцидент што се случил во скопското село Арачиново.

Според очевидци, „припадници на единицата ‘Алфи’ се симнале од возилото и без предупредување стрелале кон возилото на осомничените. Револтирани поради пукањето во населено место, жителите на Арачиново го блокираа главниот пат.

Тие бараат од МВР да го објаснат наведениот случај и апелираат вакво нешто да не се повтори во иднина. Според очевидците, осомничените не пукале кон полицајците“, пишува ТВ Алсат M која неофицијално дознава дека осомничените с’е уште се во бегство.

Според соопштнието на МВР денеска околу 17 часот на ул. 1 во с. Арачиново полициски службеници запреле возило „Голф“ во кое се превезувале две лица О.М. (33) и Г.М. (20), кои се бараат со потерница за издржување на затворска казна, соопшти вечерва МВР.

Во моментот кога полициски службеник се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал возилото „Голф“ наназад и го удрил полицискиот службеник.

Потоа полициските службеници испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух, но возачот на возилото „Голф“ не застанал туку удрил во друг полициски службеник, по што избегал од местото на настанот.

На двајцата полициски службеници им била укажана помош во Градската општа болница „Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на осомничените пренесе ТВ Сител.