Двете победи ја искачија Македонија две места на листата на ФИФА

Победите од по 2:0 над Гибралтар и Ерменија на стартот од новоформираната Лига на нации ја искачија фудбалската репрезентација на Македонија две места на листата на ФИФА, на која „црвено-жолтите“ сега се 68.

Од противниците во групата Ерменија е на 100. позиција, Лихтенштајн на 178., а Гибралтар на 198.

Од селекциите од регионот најдобро котира светскиот вицешампион Хрватска, која е четврта, Романија е 27., Босна и Херцеговина 34., Србија 35., Турција 38., Црна Гора 41., Грција 42., Бугарија 44., Унгарија 49., Албанија 57., Словенија 61., Косово 138.

Првото место го делат Белгија и светскиот првак Франција, а топ 10 го сочинуваат уште Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска по тој редослед.

 

Оставете Коментар