Двочасовната средба Трамп-Путин во сабота

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин ќе имаат состанок во саботата, 1 декември, во Буенос Аирес, Аргентина,  објави „Ројтерс“.

На разговорите, на маргините на Самитот Г20, предвидени да траат повеќе од 2 часа се очекува да доминираат прашања од билатералните односи, но и меѓународните прашања, со оглед на последните настани во Украина.

Неделава Трамп предупреди дека може да ја откаже средбата со Путин поради инцидентот во Азовското Море, но истакна дека ќе почека целосни информации.

SHARE

Оставете Коментар