Владата на премиерот Алексис Ципрас ќе побара гласање за доверба во Парламентот, доколку партијата Независни Грци гласа против договорот Атина-Скопје за името, соопшти владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос.

Лидерот на Независни Грци и актуелен министер за одбрана Панос Каменос ја поддржа Владата во која неговата партија е помал коалиционен партнер, но се закани дека кога договорот со Скопје ќе дојде пред Парламентот – тие ќе гласаат против.

2 Коментари

  1. За жал, МНР сега може да испрати писмото до 191 држава-членка на ООН со кое ќе ги извести дека од денес ние сме Република Северна Македонија.
    За информација од 193 земји во ООН под уставното име сме признаени од 137 држави, а са 20 земји немаме дипломатските односи, а овие се потенцијално држави со кои би можеле да добиеме признание под Република Македонија (така цифрата земји на наша стран би била околу 160, а на Грчката само околу 30 држави). Можете, сега да заклучите дека ако би гласале во ООН за уставното име, ние би имале тројна или 80 процентна предност во однос на Грција.
    За прашање како пр. името се гласа со простото мнозинство во сала, а рез. на СБ не блокираат процес во Генералното собрание на ООН.

Оставете Коментар