Владата на премиерот Алексис Ципрас ќе побара гласање за доверба во Парламентот, доколку партијата Независни Грци гласа против договорот Атина-Скопје за името, соопшти владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос.

Лидерот на Независни Грци и актуелен министер за одбрана Панос Каменос ја поддржа Владата во која неговата партија е помал коалиционен партнер, но се закани дека кога договорот со Скопје ќе дојде пред Парламентот – тие ќе гласаат против.