Договорот со Скопје ќе помине поминеме со големо мнозинство во грчкиот парламент, уверува портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во гостувањето на ЕРТ.

„Доколку партиите гласаат според политички критериуми, а не според малите партиски аспирации, Договорот со Скопје ќе помине со големо мнозинство во парламентот“.

Запрашан за „судбината“на  владата поврзани со Скопје и со ставот на актуелниот министер за одбрана Панос Каменос  кој е и лидер на Незвисни Грци, помалиот коалиционен партнер и кој не прифаѓа термин Македонија“ во името на северниот сосед, Ѕанакопулос кусо одговори.

„Каменос изјави дека ќе остане до крајот на четиригодишниот период“, вели Ѕанакопулос.

Владејачката СИРИЗА и помалиот коалиционен партнер „Независни Грци“ имаат 152 од 300 пратеници во грчкиот парламент.

SHARE