Ѕанакопулос: Името да биде едно од тие што ги предложи Нимиц

За грчката страна најдобро решение за име би било едно од оние што ги достави Метју Нимиц, вели портпаролот на грчката страна Димитрис Ѕанакопулос, индиректно ставајќи до знаење дека предлогот „Илинденска Македонија“ е неприфатлив и кој грчката влада со соопштени и о отфрли.

„Што се однесува на името, не сме стигнати до таму Секако дека постојат предлози што биле ставени на маса, но, сепак, грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози. Но, не сме стигнати до таму, треба да поминеме уште пат за да можеме да говориме за конечен договор“ изјави Ѕанакопулос како што пренесе МИА.

Тој го поздрави прифаќањето на ерга омнес од соседите како што рече, и смета тоа е  позитивен чекор по средбата на двајцата премиери во Софија.

 

1 Коментар

Comments are closed.