Ѕанакопулос: Топката е кај Заев, да заврши и да му се јави на Ципрас

Топката е на теренот на Скопјаните да го направат одлучувачкиот чекор кон решение, а ние чекаме, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интевју за грчката телевизија „Контра“.

Ѕанакопулос не може да предвиди кога би се остварил телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Потенцира дека „ништо не е договорено, ако не се договори сѐ“.

“Очекуваме политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија да го направи решителниот чекор за конечно да отидеме напред кон заемно прифатливо решение кон кое чини дека се стремат и двете земји. Господинот Заев ќе треба да заврши со неопходните политички активности во неговата земја и тоа е она што го очекуваме, вели Ѕанакопулос во интервјуто.

2 Коментари

  1. Резолуцијата 817 на Советот за Безбедност на ООН (ПРЕПОРАКА) не е предмет на анулирање, дополнување или дерогирање со друга резолуција.

Comments are closed.