Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за весникот „Неа селида“ изрази увереност во позитивен епилог на разговорите за прашањето за разликата за името со Македонија.

Тој изјави дека премиерот Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас ги обезбедиле сите заштитни механизми дека Скопје ќе имплементира сè што ќе се согласи.

Според извештаите, 95 проценти од преговорите се завршени и само уште неколку детали, иако значајни, остануваат пред да се склучи конечен договор, пишува „Катимерини“.

Ако сè оди според планираното, договорот ќе биде ставен на гласање во македонското Собрание пред самитот на ЕУ, а потоа ќе биде ставен на референдум најверојатно во септември. Ако Парламентот го одобри, тогаш Атина ќе испрати писмо до ЕУ и НАТО за деблокирање на пристапувањето на Скопје кон двете организации.

Грчкото писмо ќе се однесува на договореното име – Северна Македонија, Горна Македонија или некое трето.

Ако договорот помине на септемврискиот референдум, тоа ќе го отвори патот за ревизија на Уставот, што е клучно барање на Грција. Ако, пак, резултатот од референдумот биде негативен, тогаш договорот меѓу Атина и Скопје ќе пропадне.

Аналитичарите уште додаваат дека преживувањето на Заев на политичката сцена зависи токму од договорот, кој би ја внел Македонија во НАТО и би ѝ овозможил почеток на преговорите за членство во ЕУ, иако тоа не е сигурно со оглед на противењето од неколку земји-членки на понатамошното проширување на Унијата.

 

3 Коментари

  1. Грчките преваранти повторно во акција, и глумат преговори, а всушност Македонската страна ќе биде изиграна и понижена.
    Македонија има решение во ООН, но по се, ќе биде понижена до крај!

Comments are closed.