Џабе историска комисија ако Борисов и Заев даваат конфликтни изјави

Членот на мешовитата Бугарско – Македонска комисија за историјата Петар Тодоров вели дека историчарите се немоќни да најдат решение за историските проблеми меѓу Македонија и Бугарија ако елитите на двете земји не создадат услови за надминување на разликите

„Како член на Комисијата би им порачал на политичарите од двете страни дека за успешна работа на една комисија потребен е консензус на елитите во општеството. Ако тој консензус не постои многу е тешко да очекуваме успешна работа или да очекуваме дека Комисијата по историски и образовни прашања ќе даде резултат. Доколку се продолжи со ваков тип на изјави кои се одлика на минатите времиња и кои предизвикуваа конфликти, тогаш како член на комисијата сметам дека не требаше и воопшто да се формира”, вели Тодоров за РСЕ

Во интервју за Радиото Слободна Европа на македонски јазик кое ќе се емитува в недела Тодоров зборува и за други отворени прашања за работата на историската комисија која ќе треба да одлучи за менувањето на содржината на македонските учебници.

Изјавата на Заев дека Илинденското востание е македонско ја возбуди Бугарија