Џафери: Кога ќе проценам, ќе го пратам Законот за јазици во „Службен весник“

„Сметам дека во соодветно време, кога ќе проценам дека треба да се прати законот до ‘Службен весник’, тој ќе се објави и потоа да можат другите надлежни институции да се произнесат во однос на текстот на законот, односно за оние укажувања и дилеми кои се искажаа во јавноста“, вели спикерот на Парламентот, Талат Џафери, во денешното интервју за Радио Слободна Европа.

Џафери вели дека проценката кога тоа ќе се случи е лично негова и ги отфрла шпекулациите дека од неговата партија ДУИ се калкулира со тоа прашање да биде употребено како тема за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале со претседателските в година.

„Сметам дека тоа не е став и калулирање на на ДУИ и на која било од политичките партии, затоа што законот е веќе донесен по втор пат и нема каква калкулација да се направи во однос на тоа“, вели Џафери за Радио слободна Европа.

 

SHARE