Џафери за Законот за јазици: Парламентот ќе ја реализира волјата на мнозинството

Собранискиот спикер Талат Џафери во интервју за српската новинска агенција „Бета“ за време на посетата на Белград го критикува претседателот Ѓорге Иванов за непотпишувањето на указот за Законот за употреба на јазиците и порача дека ќе најдат начин тој да стапи во сила.

„Со одлуката да не го потпише тој закон, Иванов влегува во аналите на кршењето на уставните одредби и со тоа незаконски и спротивно на Уставот станува дел од законодавната власт, за што, со никакви прописи, нема надлежности. Парламентот ќе ја реализира волјата на мнозинството“, изјави тој.

Во врска со признавањето на Косово, пак, Џафери вели дека Македонија го направила тоа што било „најнеопходно и најцелисходно“.

„Односот на Македонија спрема Косово е однос во смисла на целокупните регионални и пошироки односи. Кога е во прашање односот кон Приштина, Македонија го направи тоа што беше најнеопходно и најцелисходно во рамките на сите случувања, регионални, но и пошироко меѓународни, глобални случувања“, објасни тој, додавајќи дека Македонија ги поддржува напорите на Белград и на Приштина да дојдат до соодветно решение за доброто на граѓаните од двете страни.

 

1 Коментар

Comments are closed.