Европарламентот и заменик-претседател на бугарското ВМРО Ангел Џембаски со отворено писмо преку Фејсбук им одговори на организаторите кои го поканија да учествува на Парадата на гордоста во Софија и им порача дека таква манифестација и мотото се против  неговите убедувања.

„Не сакам по никаков повод да го губам времето во друштво на чудни створења од типот на ‘Елза Парини“, кои се искривоколчуваат качени на платформа, нашминкани и намачкани како статистисти во нискобуџетната хорор комедија. Оа е естетски избор, на кој имам право“, напиша Ангел Џембаски.

Како одговор на нивните барања (ЛГДП заедницата –н.з.) за измена на чл. 6 од Уставот на Република Бугарија Џамбазки пишува дека текстот на уставот е целосно исцрпен и поставува прашање: „ Ако сакате, да ве споменеме поименично во Уставот?“

Во писмото Вамбаски им посак пријатен ден со обилен дожд, бури, громотевици и локални врнеши од град во центарот на Софија, околу 16.00 часот денеска, кога треба да се организира „Софија прајд“.