Џамбаски: Нема македонски јазик, туку само дијалект на бугарскиот (ВИДЕО)

“Во историските и лингвистички кругови не постои никаков спор. Македонското наречје е западно-бугарски дијалект. Друго е прашањето како една држава ќе го нарекува во својајот Устав јазикот.

Но, во меѓународното право јазик не се претставува и не се признава”, коментираше синоќа во студиото на „Денот ON AIR“ европратеникот и заменик-претседател на ВМРО, Ангел Джамбазки, по објавата на Зоран Заев на ФБ дека со влегувањето во ЕУ македнскиот јазик ќе биде признат од 500 милиони луѓе.

Според неговите зборови за Бугарија, прашањето дали ќе го признае македонскиот јазик не е на дневен ред, бидејќи вистината е повеќе од јасна.

„Сите бугарски државјани, кои некогаш се сретнаа со нашите браќа во Република Македонија, знаат дека немаме никаков проблем да разговараме на ист јазик, имено бугарскиот“, рече европратеникот пред Bulgaria ON AIR.

Целото гостување на Ангел џамбаски на следниот линк.

SHARE

Comments are closed.