Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски останува на ставот дека сите од Бугарска социјалистичка партија (БСП) се за стрелање поради „гревовите“ на нивните претходници со Македонија и со „македонските Бугари“.

„БСП се прогласи за наследник на БКП (Бугарска комунистичка партија – н.з.). БКП е партијата која во 1946 година изврши национално предавство, одродувајќи ги македонските Бугари и обидувајќи се да предаде една територија на Македонија. И кога разговаравме за оваа тема реков дека тие што извршиле национално предавство се за стрелање. Очигледно се препознаваат во луѓето што го направиле тоа“, му реплицира Џамбаски на претседателот на Европски парламент, Антонио Тајани, кој во одговорот до БСП за изјавата на европратеникот нагласи дека „членовите на ЕП имаат целосно право да критикуваат и да прашуваат, но немаат право да користат навредлив речник“.

„Не мислам дека има нешто што би требало да биде повод за извинување или за жалење“, додаде европарламентарецот од редовите на ВМРО на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за комерцијалната телевизија БТВ.

 

SHARE

Оставете Коментар