Атина не е таа која ја започна сериозната дебата за иднината на Западен Балкан во ЕУ и не е Ципрас тој кој го постави на дневен ред пристапувањето на Република Македонија кон НАТО и ЕУ, вели бугарскиот европратеник, Ангел Џамбазки.

„Заслугата  за ова целосно му припаѓа на бугарскиот народ и на владејачката коалиција“, рече бугарскиот европратеник кој изразил незадоволство од обраќањето на Зоран Заев во Европскиот парламент.

Џамбазки забележува дека во говорот Заев неколкукратно го пофалил „грчкиот премиер комунист“ Алексис Ципрас за „компромисите“ кои се договорени во Преспа. Но, според него, многу е веројатно дека овој напредок ќе бил возможен и со друга влада во Атина.

Европратеникот вели дека напредокот на Македонија започнал со Договорот за соседство со Бугарија.

„Македонија оди напред, не благодарение на Грција“  вели Џамбазки според кој Бугарија секогаш ќе биде добар сојузник на нејзиниот братски народ.

Оставете Коментар