„На крајот од неделата, нашите браќа покрај Вардар прават значаен избор. Избираат дали да ja отстранат границата и да патуваат слободно од Охрид до Црното Море и во целтата останата 500-милионска Европска унија, или да останат во најмрачниот агол на историјата, притиснати од српските шајкачи и коминерновски чизми“, вели бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки во напис за бугарски медиум.

Во текстот во кој Џамбазки се оградува дека нема никаква историска претензија, констатира дека „историјата на регионот одамна е целосно јасна и таа е бугарска, барем до крајот на Втората светска војна. Јасно е и раѓањето на македонската нација – 2 август 1944 година“ пишува бугарскиот „евродепутат“.

Во „пошироката“ анализа насловена „Референдумот во Македонија и бугарскиот национален интерес“ Џамбазки, меѓу другото се осврнува на грчко-македонскиот спор околу името со констатација дека Грците воделе сметка само за сопстените интереси.

„И да бидеме искрени, Грците во овој спор не ни се пријатели. Тие ги извршуваат своите интереси, кои се фундаментално спротивни на нашите. Да се ​​потсетиме, Грција е окупатор. Да се ​​потсетиме на кој јазик се зборува во Костур, Лерин, Воден и така натаму, во таканаречениот ‘бугарски триаголник’ и зошто село Шестеово (…) с’е уште се нарекува ‘Малата Софија’“, пишува европратеникот Џамбазки и актуелен заменик претседател на бугарското ВМРО.

SHARE

Comments are closed.