Џефери се пожали дека Иванов одбива средба со него (ВИДЕО)

Спикерот на македонскиот парламент, Талат Џафери, се пожали дека од претседателот Ѓорѓе Иванов веќе неколку месеци не добил одговор на неговото барање да се сретнат.

„Кога одби да го потпише указот за Законот за јазиците, јас преку посредник побарав да се сретнам со Иванов но до ден денеска одговор не добив, едноставно тој решил да не комуницира“ – изјави Џафери во интервју за емисијата Клик плус на ТВ 21.

Видовте како помина средбата на премиерот и шефот на дипломатијата кога отидоа да му го однесат договорот со Грција, потсети Џафери и додаде дека Џафери вели дека претседтелот решил да постапува своеволно и да не го почитува Уставот а тоа можело да се оцени и од кусата средба на Иванов со премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров на која требаше да го информираат за договорот со Грција.

Џафери исто така рече дека доколку Иванов не го потпише указот за договорот со Грција и по   второто гласање во парламентот ќе ги испрати оввој закон и ној за јазиците во „Службен весник“ само со негхов потпис.

SHARE

Comments are closed.