Џејсон Мико: Сите референдумски закани на Камбовски!

Владо Камбовски и во далечната 1999 година се заканувал на едно референдумското изјаснување.

Пред речиси 2 децении тој бил против прогласувањето на независност на Словенија од СФРЈ, што се покажа како погрешен став.

„Ова е Владо Камбовски од Македонија, кој ѝ се закануваше на Словенија во 1990 година.

Се закануваше тогаш, се заканува сега, само овој пат на онеи кои сакаат да го бојкотираат т.н. референдум за името“ пишува Џејсон Мико на „Твитер“ и во прилог на своето тврдење приложува линкови од вести објавувани во 90-те од респектибилни новински агенции како што е „Асошиетед прес“.

 

 

 

 

Водечкиот словенечки весник Дело денеска ги оспори федералните власти.

„Дали (функционери) во Белград сметаат дека можат да ја сопрат независноста на Словенија или едноставно сакаат да го забрзаат нашето заминување од Југославија?”, запраша тогаш весникот и дополни дека „со приближуваoето на референдумот (за независност на Словенија-н.з.) во неделата, „старата федерација ги брои последните часови”, се вели во весникот.

Министерот за правда, Владо Камбовски, денеска му соопшти на парламентот дека централната влада „ги предупредува државните органи на Словенија за големата одговорност и ризикот што го преземаат“, ако тие еднострано излезат од федерацијата.

Владата ќе “преземе енергични чекори за заштита на реформите и објективните, заедничките интереси на сите народи и националности” во Југославија, рече Камбовски без елаборација.

Неговите коментари беа објавени од страна на државната новинска агенција Танјуг.

Академик Камбовски од март 1989 до јули 1992 година беше член на Сојузниот извршен совет и сојузен секретар за правосудство и управа.

Камбовски деновиве излезе во јавност со критика против оние кои се против референдумо, а во еден дел, зборуваше и за казни и затворски мерки…

Не е познато кој беше ставот на Камбовски во однос на референедумот за прераспределба на локалната самоуправа кога, тогашната власт, пропагираше дека „Некои прашања не заслужуваат одговор“.