Поминаа четири години откако младиотборец на Исламска држава од Косово,  беше сведок на едно од најужасните убиства на организацијата. Фитим Љадровци имаше 24 години кога виде како еден Сириец го врзуваат на столб и потоа го разнесуваат со ракета.

„Секако дека не беше најлошото што го видов меѓу многуте егзекуции, обезглавувања и палења“, раскажува тој во разговор за „Тајмс“. „Дури и децата се навикнаа да гледаат такви работи“, вели Љадровци.

Убиецот бил Лавдрим Муџахери, злогласниот косовски Албанец, кој беше прогласен за терористичка закана пред да биде убиен од беспилотно летало. Неговиот идентитет и видеото на убиството ги ставија Косовците во центарот на странските џихадисти пишува „Тајмс“.

Британскиот весник во текст насловен „Џихадистите од ИД се вратија во Косово и подготвени се да умрат за калифатот“ пишува дека од 2012 од Косово заминале 348 лица за да се приклучат на Исламска држава во Сирија.

Според Љадровци „Калифатот не е завршен.Приказната допрва почнува. Сакам да создадеме исламска држава во Косово и јас ќе умрам за да го поддржам тоа“ вели Љадровци за „Тајмс“ 4 месеци откако излезе од затвор.

SHARE