Џинговски: На генсекот Рашковски никој не му наложи да плука по НАТО

Колега на генералниот секретар на владата Драги Рашковски од ораторските вечери, Иле Џинговски ги демантира тврдењата на новинарот Огнен Јанески кој го брани Рашковски.

Наспроти Јанески кој тврди дека говорот на Рашковски против НАТО и Охридскиот договор бил дел од ораторска вечер во кој се симулирале говори и дека наводно тој бил ставен во ситуација да ја напаѓа алијансата, Џинговски тврди дека на генсекот ниту некој му дал тема ниту некој му наложил да ја брани или напаѓа.

“Ајде сега и јас како човек што најдолго бев дел од структурите на Клубот на Оратори на Правниот факултет Јустинијан први, ментор на поголемиот дел на сега истакнативе оратори но и досега чинам единствен учесник со најмногу настапи на ораторска манифестација „Иво Пухан“ на Правниот факултет “Јустинијан први” (наградите се небитни кога ќе видиш кој се се здоби со признание и затоа не придавам важење) и по тврдењето на “колегата” Ognen Janeski дека говорот на Рашкоски бил дел од ораторската вечер, каде што се симулирале говори, т.е. „про ет контра“ говори на зададена тема, ви тврдам дека и покрај многуте цензури што ги правеа на колегата оратор Dragi Raskovski никој не му наложил ниту па му задал тема да говори за или против зададената тема.

Личен избор на секој оратор во тие зададени теми биле изкажаните ставови и личен избор за говорење на зададената тема,„про ет контра“, а не налог како што сака да се претстави или демек било задача која требало да се обработи, а не тогашено мнение и стаВ за темата за која ораторорал.

Тоа што тогаш тогашниот оратор имал такви ставови, а денес сосема спротивни можно е не тврдам дека има реторичка задача да пее како што му компонира некој друг односно да говори на зададена тема со за нас ораторите познато како “историски говори”, а време е кога треба да се менува историја да се бришат познати и добри говори како што соседите сакаат да ги збришат беседите на Демостен, па во тој стил може ќе побараме да се укине писанието во пресрет на десеттата ораторска вечер Иво Пухан на тогашниот уредник Димитар Апасиев или изземање на маестралниот зададен и наложен да не кажам наметнат став и третонаграден говор на колегата Рашковски само за да не му стои како дамка во просветлениот и изграден став за НАТО.

Е тоа ти е кога говорниците се срамат за своите јавно изречени думи, само и само заради општествен бенефит. Да поет се рага, а оратор се создава, ама најтешко е да убедиш слушател кога и самиот не веруваш во она што го говориш, затоа од секој оратор не бидува добар оратор”, открива Џинговски.

Во говор на ораторската вечер на Правниот факултет во Скопје Рашковски дебатирал дека не треба да се биде во НАТО и против Охридскиот договор.

„Генсекот“ на Владата, Рашковски, бил против НАТО и Охридски договор

SHARE