Џон Бренан не мислел дека Трамп е предавник кога го нарекол така (ВИДЕО)

Екс шефот на ЦИА Џон Бренан кој сега е во конфликт со претседателот на САД се повлече од изјавата дека Трамп е предавник.

Тој во изјава за телевизијата МСНБС дава нелогично објаснување според кое рекол дека Трамп направил “ништо помалку од предавство” а не дека Трамп направил предавство.

Запрашан од новинарката дали сега не мисли дека Трамп е предавник тој вели дека само ја употребил фразата “ништо помалку од предавство”.

На тоа новинарката му вели дека според употребената синтакса тој сепак рекол дека Трамп е предавник.

Овој дел од видеото почнува на 9 минути и 40 секунди

Поранешниот директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан го обвини претседателот на САД за обид за ограничување на слободата на говорот и за казнување на критичарите, поради одлуката да му забрани пристап до доверливи информации.

– Тоа треба да ги загрижи сите Американци, вклучително и разузнавачките професионалци, за цената што ја плаќаат кога ќе проговорат јавно. Моите принципи вредат повеќе од пристапот до информации. Нема да се повлечам, порача Бренан.

Трамп му забрани на Бренан пристап до доверливи информации, обвинувајќи го дека го злоупотребувал пристапот до нив и дека „сее хаос и поделби“ во американската Администрација.

Предходно извори од Белата куќа информираа дека Трамп ќе им забрани пристап до доверливи информации и на некои други поранешни високи официјални претставници на американската Администрација.