Џорлев честита паркинг цени со песна од Јонче Христовски (Фото+Видео)

Музичарот Зоран Џорлев реагира на драстично зголенмените цени на паркингот Кресненско востание во центарот на Скопје.

Според новите цени на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, во иднина за месечна карта ќе се поаќа 1770 денари односно 77 % повеќе од старата цена 1000 денари.

Овој паркинг е лоциран под Македонската опера и балет чии вработени најмногу го користат.

“Обично не коментирам и избегнувам да се замарам но ова е без преседан. Ве поздрави Јонче Христовски со оваа песна”, напиша маестро Џорлев во реакцијата.

Оставете Коментар