Професорот на Универзитетот Џонс Хопкинс смета дека со изјави, како оние на Џон Болтон, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, дека Белград и Приштина треба да се договорат, всушност се охрабрува и опцијата за промена на границите, што ќе има последици во регионот.

Џозеф оценува дека идејата за размена на територии како решение ќе добие на замав.

„Друго прашање е дали Белград и Приштина ќе можат конкретно да се договорат кои територии би биле дел од тој договор. Исто така, се поставува многу сериозно прашање, а тоа е дали ќе можат да се превенираат негативните ефекти од таквото решение по БиХ, Македонија и Србите јужно од Ибар. Сметам дека ќе биде потребен дополнителен ангажман на меѓународната заедница, вклучително и Вашингтон, за да се спречат такви последици“.

Според него пораката на Болтон дека Вашингтон не ја исклучува опцијата за територијални корекции доколку Белград и Приштина ја споредува со онаа на американскиот државен секретар Џејмс Бејкер кога во 1991 рече дека не е нивни проблем тоа што Југославија се распаѓа.

„Болтон, во основа го повторува истиот став, нагласувајќи дека на САД не им е грижа како Белград и Приштина ќе го решат тоа прашање. Тоа е наивна и кусогледа изјава, затоа што не ги зема предвид последиците од такво решение“, вели Џозеф, во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Тој оценува дека евентуалната промена на границите би ги охрабрила и останатите на Балканот.

„Исто се однесува и на Албанците во Македонија. Исто така, во таа варијанта Косово, неизбежно би се обединило со Албанија. Значи, промената на границата на Косово и Србија веднаш негативно би се одразила и на малцинските права. вели Џозеф во интервјуто за Радио Слободна Европа, како што пренесува МИА.

Оставете Коментар