Ед Џозеф: Зошто македонските Албанци би останале надвор од Велика Албанија?

Во текстот насловен “Како да се рестартира војната на Балканот” екс шефот на Меѓународната кризна група за регионот Едвард Џозеф пишува дека Трамп ќе зажали ако бара лесно решение за Балканот.

Џозеф тврди дека прифаќање на поделба на територии меѓу Косово и Србија ќе предизвика сериозни последици во цел регион, Босна, Хрватска, Република Српска и Македонија.

Во земјава тој предвидува дополнителни меѓународни компликации.

Џозеф смета дека во Македонија живеат меѓу 25 и 33 % Албанци кои се блиску поврзани со своите браќа на Косово и за кои меѓународната граница не постои.

Според него без разлика што албанските лидери во Македонија велат дека сакаат да бидат дел од земјата логиката на сецесијата ќе се врати кога Косово ќе се спои со Албанија.

“Зошто Албанци во Македонија ќе сакаат да останат надвор од Голема Албанија и да останат заклучени во лути односи (со Македонците) како малцинство засекогаш”, прашува Џозеф кој одлично ги познава односите во регионот.

Анализата на Џозеф ја објавува магазинот Форин Полиси.

SHARE